„Ајброкс“ буквално се тресеше од атмосферата, а камерманот имаше тешка задача (ВИДЕО)

Глазгов ренџерс ги надмина најцрните денови во својата клупска историја откако тимот изминатава декада мораше да игра дури од четвртата шкотска лига.

Сега великанот од оваа држава ќе игра во големото финале во Лигата на Европа, каде што ќе се соочи со Ајнтрахт Франкфурт. Можеби овие два тима ги немаат финансиите како Манчестер сити, Пари Сен Жермен и многу други клубови, но имаат верни навивачи.

Ајнтрахт тоа го покажа на последните средби против Барселона и Вест хем, а вчеравечер добивме уште една потврда дека и атмосферата на легендарниот „Ајброкс“ навистина е феноменална.

По судискиот свиреж на средбата меѓу Ренџерс и РБ Лајпциг, трибините буквално се тресеа, а шкотскиот тим објави интересно видео на коешто камерманот максимално си ја одработува задачата и покрај тоа што навистина беше тешко да се фокусира.

- Оглас -

Најнови вести