Вирџил ван Дајк направи фаул што не се казнува со жолт картон, а реакцијата по мечот кога даваше интервју стана вирален хит на социјалните мрежи.
Додека говореше пред камери, стоперот на Лалињата неочекувано имаше гостин, а еден од навивачите на „Улевал“ стадионот во Осло успеа да се пробие во поттрибинскиот простор и дојде да си направи селфи со капитенот на гостинската репрезентација.
Ван Дајк реагираше смирено и го оттурна навивачот, кој потоа беше исфрлен од обезбедувањето на стадионот.
Fan interrupts post-interview with Van Dijk (Norway – Netherlands) from soccer
Мечот заврши нерешено 1:1, а стрелци беа Ерлинг Халанд во 20-тата минута за Норвешка и Дејви Класен во 37-мата минута за Холанѓаните.