„Ајфон 12“ и ваучери од Sport Life ви се на дофат со новото коло на Спортска прогноза

Ако во осмото коло на 21 прогнозер им недостасуваше еден погодок да освојат ваучер од 500 денари од Sport Life за 11 погодени мечеви од бесплатната Спортска прогноза, и тоа кога во понудата беа средби од квалификациите за СП, сега во 9-тото коло сезонава паровите се од клупски мечеви, кои традиционално се поатрактивни и полесни за погодување за играчите.

За Главната премија, прекрасниот „ајфон 12“, треба да се погодат сите 13 пара од основната понуда, за една утка имате ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека 11-ка носи ваучер од 500 денари.

Прогнозирањето за деветтото коло трае до сабота во 15.30 часот, за кога е закажан почетокот на првиот меч во понудата, бундеслигашкиот дуел меѓу Унион Берлин и Волфсбург.

Во сабота ќе има уште четири дуели и сите се интересни и привлечни за прогнозирање. Недела со 8 меча ќе биде денот на одлука дали некој од прогнозерите ќе има 13 погодоци за да го добие прекрасниот „ајфон12“.

Најголем предизвик за погодување ќе будат дерби-дуелите во Италија. На „Олимпико“, Лацио го пречекува Интер, засега фаворит на прогнозерите се гостите од Милано, а Јувентус е домаќин на Рома, процентите ја фаворизираат Старата дама. Интересно ќе биде и во Премиер лигата, каде што шампионот Лестер го пречекува Манчестер јунајтед, а клубот со најбогати сопственици, Њукасл, игра против Тотенхем. На овие два меча, поголемиот број прогнозери се изјасниле дека очекуваат победи на гостите. Голем фаворит е и Барселона против Валенсија.

Не чекајте многу, прогнозирајте!

- Оглас -

Најнови вести