Одбројувањето на третата сезона од Спортска прогноза започна. Остануваат само уште три кола до крајот, а трката за освојување на мобилниот телефон „ајфон 11“ се вжешти. Во претходниот викенд имавме мајстор со 12 погодени парови и малку недостасуваше да биде освоена главната премија.
Лион водеше со 2:0, на полувреме беше 2:1 против Лил, но на крајот загуби, а требаше да заврши „кец“ за да имаме Среќна 13-ка. Во новото коло кое стартуваше вчера имаме интерени 13 парови, кои со добри прогнози и малку повеќе среќа може да ви ја донесат главната премија или пак исто така вредните вредносни ваучери од Sport Life за 12 и 11 погодени парови.
Најголемото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул е во фокусот. Во првите 24 часа од прогнозирањето, од над 500 прогнозери, 43 отсто веруваат во победа на Црвените ѓаволи, 30 отсто се за нерешено, а малку повеќе од 25 отсто веруваат во триумф на гостите од Ливерпул.
И останатите парови во ова коло се интересни за прогнозирање, па затоа не чекајте. Одиграјте Спортска прогноза.