„Ајфонот“ беше толку блиску, но голови во последните минути го разочараа Бојан

За тоа колку може да биде интересно и возбудливо играњето Спортска прогноза, се потврди изминатиов викенд, кога Бојан М. за малку можеше да биде и првиот освојувач на „ајфон ХС“. Играта која е бесплатна, а е во самиот финиш на втората сезона донесе интересни мечеви, а Бојан имаше одлични предвидувања.

Тој успеа да ги погоди првите девет натпревари кои беа на понудата, но потоа следуваше вистинска драма на двата неделни меча од Серија А. Болоња имаше водство од 2:0 на гостувањето кај Парма, и тоа до 93-тата минута. Сепак, со два гола во последните две минути од судиското надополнување Парма стигна до реми, а го разочара Бојан, кој имаше типувано „двојка“. Слично разочарување имаше и на мечот меѓу Удинезе и Сампдорија. Прогнозата беше дека треба да заврши нерешено, а Сампдорија победи. На полувремето беше 1:1, потоа гостите погодија за 2:1. Во 87-мата минута Удинезе даде гол за 2:2, но погодокот беше поништен поради играње со рака и пропадна можноста да биде нерешено. На крајот гостите славеа со 3:1, а најдобриот прогнозер во ова коло на Спортска прогноза остана без можноста да добие вреден подарок.

На крајот Бојан имаше биланс од 10 погодени, колку што имаше и Драган, но тоа не беше доволно да се освојат вредносните ваучери во Sport Life кои се подаруваат за 11 и 12 погодени натпревари.

Во 14 часот денеска ќе излезат паровите за последното коло на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести