Втората сезона на Спортската прогноза што ја организираат обложувалниците Sport Life и нашиот портал Спорт Манија се уште е без добитник на главната премија за погодени 13 натпревари во исто коло, но и никогаш досега во 20 кола прогнозерите не биле поблиску до наградата.
Вчерашните шест натпревари од основната програма со вкупно 13 парови ги погодија точно дури 8 учесници во нашата бесплатна игра, па сега остануваат уште шест денешни точни прогнози за нив и финалето во понеделник со мечот Ле Авр – Троа за да се дојде до главната награда, прекрасниот мобилен телефон „IPhone XS“.
Веројатноста да имаме прв прогнозер во втората сезона од Спортска прогноза ќе биде уште поголема, доколку од седумте преостанати натпревари на шест победат домаќините, а римското дерби меѓу Рома и Лацио заврши нерешено. Според процентот на вкупно 1260 прогнозери што учествуваат во 20. коло чисти единици треба да има на мечевите Селта – Еибар, Сампдорија – Сасуоло, Парма – Удинезе, Вердер – Хофенхајм, Јанг Бојс – Базел и Ле Авр – Троа.
Уште ако на шестката „кецови“ им се приклучи „нулата“ во Рим, тогаш веројатноста дека ќе имаме прв прогнозер со 13 погодени двојки во втората сезона од Спортска прогноза е голема.
Ако го послушате советот на нашите прогнозери, во Sport Life можете да составите тикет со коефициент од 501.
Еве го тикетот по избор на учесниците на Спортска прогноза:
Селта – Еибар 1 (2.10) – 88 посто тип на нашите прогнозери
Сампдорија – Сасуоло 1 (2.30) 79 посто тип на нашите прогнозери
Парма – Удинезе 1 (2.45) 58 посто тип на нашите прогнозери
Вердер – Хофенхајм 1 (2.40) 58 посто тип на нашите прогнозери
Јанг Бојс – Базел 1 (2.10) 57 посто тип на нашите прогнозери
Рома – Лацио Х (3.50) 42 посто тип на нашите прогнозери
Ле Авр – Троа 1 (2.40) 75 посто тип на нашите прогнозери
ВКУПЕН КОЕФИЦИЕНТ – 500.98