„Ајфонот“ е на готовс во новото коло на Спортска прогноза полно со дербија

Веќе две кола во низа имаме прогнозери кои остварија учинок доволен за добивање ваучери од Sport Life. Сè поблиску сме до првиот добитник на главниот подарок iPhone 11, за што треба да се погодат сите 13 парови.

Новото шесто коло е полно со дербија, а тоа значи дека предизвикот повторно ќе биде голем за прогнозерите да имаат беспрекорно типување.

Дербијата за овој викенд доаѓаат од Премиер лигата, Серија А, како и од српската лига, каде што силите ќе ги одмерат вечните ривали Партизан и Црвена ѕвезда. До сабота, до 15 часот шестото коло ќе биде достапно за приложување на прогнозите, поточно до стартот на првиот меч меѓу Наполи и Аталанта.

Во сабота се закажани дебијата Интер – Милан и Манчестер сити – Арсенал, додека белградската пресметка е предвидена за во недела. Колото завршува во понеделник навечер, со дуелот Лидс јунајтед – Вулверхемптон, додека резервните дуели кои влегуваат во Генералниот пласман се Херта – Штутгарт и Кристал палас – Брајтон.

Не ја пропуштајте бесплатната шанса да го освоите примамливиот „ајфон“, играјте Спортска прогноза.
- Оглас -

Најнови вести