Топчиите пукаат од оптимизам против тим што го победиле само еднаш на последните 8 меча

3141 Вараждин – Динамо Загреб (ХНЛ, 20 часот)

На Динамо му е важно да победи во Вараждин и притоа да одмори и дел од првотимците за да бидат максимално подготвени за реваншот со Лудогорец на 9 август, што ги води на чекор до Лигата на шампионите.

Првакот на Хрватска е во страшна серија од 15 меча без пораз, а по ремито на „Максимир“ со Шкупи пред 20-тина дена, нанижа четири победи.

Против Вараждин гигантот има 6 победи на последните 7 меча, а ремизираа лани во  мај 2:2, и тоа на гости.

Домаќините ќе сакаат реприза од подвигот, но ќе сакаат и со позатворена игра да избегнат висок пораз од најквалитетната екипа во Хрватска.

Предлог тип: 2&1+I&1+II (1.92)

 

1801 Ајнтрахт – Баерн (Бундеслига, 20.30 часот)

Ајнтрахт го задржа костурот на тимот што лани имаше многу успеси и освои и европски трофеј со триумф во Лигата на Европа.

Главните алки на тимот, Костиќ, Боре, Камада, Кнауф, Ндика, голманот Трап… останаа во клубот, а патем пристигнаа одлични играчи од калибарот на Геце, Аларио, Коло Муани…

Ајнтрахт има високи амбиции и што е најважно за нив, тим што веќе долго игра заедно, а е исклучително квалитетен.

Проблем е што на премиерата на новата сезона во Бундеслигата им доаѓа гигантот и најтрофејната екипа во Германија, Баерн Минхен.

Гостите покажаа моќ во мечот од Суперкупот пред шест дена, кога го победија Лајпциг со 5:3 и веќе го освоија првиот пехар во новата сезона.

Ќе биде интересно да се проследи дебито во Бундеслигата на Садио Мане, а екстра-квалитетните офанзивци во двете екипи ветуваат голови на „Дојче банк парк“ во Франкфурт.

Предлог тип: 1+I&2+II (1.72)

 

1655 Клуб Бриж – Варегем (Жупилер лига, 20.45 часот)

Шампионот на Белгија, Клуб Бриж продаде неколку важни играчи, меѓу нив Шарл де Кетелар во Милан за 32 милиони евра, Нсоки во Хофенхајм за 12 и Окереке во Кремонезе и Опенда во Ленс за по 10 милиони евра, што значи дека убаво ја наполни касата.

Истовремено купија тројца играчи што ги платија од 5 до 6 милиони евра, но прашање е дали Мејер, Нилсен и Јутгла можат да ги заменат заминатите фудбалери.

Бриж тргна со победа и пораз во новиот шампионат и се чини дека е доста послаб во однос на минатата сезона.

Варегем е аутсајдер, има лоша серија од 9 меча без победа против Бриж, а 8 од нив им се порази од белгискиот гигант, па тешко дека можат да се надеваат на сензација.

Предлог тип: T1 1-3I&1-3II (1.96)

 

1606 Кристал палас – Арсенал (Премиер лига, 21 часот)

Навивачите на Арсенал стравуваат само од една работа, тимот повторно да не киксне кога очекувањата и оптимизмот се на врвот и доживуваат кулминација.

Топчиите купија одлични играчи ова лето, имињата на Габриел Жезус, Зинченко, Маркињос, Веира и останувањето на Нкетија ветуваат многу заедно со остатокот на тимот што е мошне талентиран, па многумина го сметаат Арсенал и за фаворит за титулата во Англија.

Избраниците на Артета можат да играат исклучително брз фудбал бидејќи имаат таков профил на играчи, голем дел од нив многу млади, а веќе познати имиња од калибарот на Сака, Мартинели, Одегард, Салиба, Парти…

Моќта на Арсенал ја почуствуваа и Челзи и Севилја и Евертон, три екипи кои заедно примија дури 12 гола, а не му дадоа ниту еден на лондонскиот тим во подготвителните мечеви.

Арсенал ќе има и многу мотиви против Кристал палас на премиерата на Премиер лигата за сезоната 2022/23 бидејќи токму поразот во април годинава од 3:0 од овој тим им ги скрати шансите да играат во Лигата на шампионите.

Палас е незгоден ривал за Арсенал, има само еден пораз во последните 8 меѓусебни дуели, но сега се чини приказната ќе биде поинаква.

Предлог тип: 2 (2.00) Супер тип на Sport Life

 

1701 Лион – Ажаксио (Лига 1, 21 часот)

Лион одлично се засили во летниот преоден рок, а кај Лавовите од „Жерлан“ дојдоа одлични играчи, како Талјафико од Ајакс, Лаказет од Арсенал, Толисо од Баерн и уште неколкумина фудбалери што се гаранција за добра сезона.

Лион може да им парира на ПСЖ, Олимпик Марсеј и на останатите кандидати за титулата во Франција, а дека е кадарен за подвиг, треба да потврди веднаш денеска, на стартот од новото првенство во Лига 1.

Ажаксио има поскромни амбиции и првата и основна е да се обезбеди опстанок. Интересно е што ангажираа шестмина играчи ова лето и петмина дојдоа како слободни агенти, а потрошија само 300 илјади евра, што му ги платија на Ле Авр за Фернандо Мајембо.

Реално Лион е голем фаворит, иако на почеток на сезоната се случуваат изненадувања, па затоа ќе типуваме дека ќе има од 1-3 гола во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.92)

 

 

- Оглас -

Најнови вести