Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт повторно се покажа како одличен на фудбалскиот пазар. Ајнтрахт реши да го продаде Уго Екитике на Ливерпул и тоа за сума од 95 милиони евра.
Интересно е дека Ајнтрахт го купи Екитике за само 16,5 милиони евра од Пари Сен Жермен, а сега го продаде за речиси 80 милиони евра повеќе.
Со овој трансфер на Екитике, Ајнтрахт само продолжи со феноменалната трансфер политика која ја има. Овој клуб претходно успеа да го продаде Рандал Коло Муани на ПСЖ за сума од 95 милиони евра. Коло Муани во Ајнтрахт дојде како слободен играч од Нант.
Иста е приказната и со Омар Мармуш. Египетскиот голгетер дојде во Ајнтрахт како слободен играч од Волфсбург, а потоа успеа да го продаде во Манчестер Сити за 75 милиони евра.
Едноставно Ајнтрахт Франкфурт се покажа како клуб кој е мајсторски за препознавање таленти и мега заработка. Од овие тројца фудбалери, германскиот клуб заработи дури 265 милиони евра, а инвестираше само 16,5 милиони евра.