Ајнтрахт Франкфурт го доби на позајмица од Милан талентираниот офанзивец Јенс-Петер Хауге и ќе има можност по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор за сума од 12 милиони евра.
Популарните Орли се вистинска мека за промоција на млади играчи, а успеваат и добро да се офајдат, како што беше случајот со Лука Јовиќ од кого заработија над 50 милиони евра со трансферот во Реал Мадрид.
https://twitter.com/Eintracht/status/1425004631860686848?s=20
Милан лани го купи Хауге од Бодо Глимт по одличните игри и 18 гола и 10 асистенции, учинок што му помогна на норвешкиот клуб за првпат во 104-годишната историја да биде првак на својата земја.
Хауге одигра 24 меча за Милан и постигна пет гола, па Росонерите одлучија да го испратат на позајмица во Ајнтрахт.