Ајнтрахт го купи Јовиќ само за 7 милиони евра и го обврза до 2023 година

Ајнтрахт Франкфурт и официјално го откупи договорот на Лука Јовиќ од Бенфика, и тоа само за седум милиони евра. Германскиот бундеслигаш ја активираше клаузулата од договорот, по кој српскиот напаѓач од Бенфика замина во Ајнтрахт.

Јовиќ се согласи на договор со Ајнтрахт до 2023 година, но многу веројатно дека 21-годишниот голгетер нема да го одработи целиот договор бидејќи германскиот тим планира со негова продажба да заработи и до 10 пати повеќе од тоа што го платија.

https://twitter.com/Eintracht/status/1118514490893586432

За Јовиќ се интересираат неколку големи европски гиганти, меѓу кои се спомнуваат и Реал Мадрид, ПСЖ… Бенфика за „ситна пара“ загуби еден од најголемите таленти, но утеха за Португалците е тоа што од следниот трансфер на Србинот ќе добијат меѓу 20-30 отсто од парите за купување.

Јовиќ сезонава даде 25 погодоци во 40 меча во сите натпреварувања во дресот на Ајнтрахт.

- Оглас -

Најнови вести