Ајнтрахт Франкфурт официјално влезе во нова ера, откако германскиот бундеслигаш го промовираше Алберт Риера како нов шеф на стручниот штаб. Шпанецот доаѓа на местото на Дино Топмелер, по чија заминување клубот кратко време беше воден од тренерот на У21 тимот, Денис Шмит.
Раководството на Ајнтрахт одлучи долгорочно да му ја довери клупата на 43-годишниот стратег, кој пристигнува од словенечкиот шампион Целје. За неговиот трансфер германскиот клуб издвои околу 1,3 милиони евра, што претставува значаен потег во зимскиот период.
Риера го напушта Целје во одличен момент, тимот се наоѓа на првата позиција во првенството, а Шпанецот овој викенд ќе го води последниот натпревар пред да се пресели во Франкфурт.
Неговото официјално деби во Бундеслигата е закажано за 6 февруари против Унион Берлин, натпревар кој ќе означи почеток на ново поглавје во тренерската кариера на поранешниот фудбалер.

