27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ајнтрахт го врати Дост во Бундеслигата

Ајнтрахт Франкфурт ги осигури услугите на Бас Дост од Спортинг Лисабон за сума од шест милиони евра, но со одредени бонуси сумата на трансферот може да достигне осум милиони евра. Искусниот холандски голгетер потпиша тригодишен договор со Орлите, а во Бундеслигата се враќа по три години пауза, кога ги бранеше боите на Волфсбург.

Дост е човекот кој треба да ја пополни празнината која ја направија Лука Јовиќ и Себастијан Халер по нивните трансфери во Реал Мадрид, односно Вест хем. Сега веќе поранешниот играч на Спортинг во Франкфурт доаѓа со реноме на „бомбардер“, откако во три сезони запиша 93 гола на своето конто како член на португалскиот гигант.

https://twitter.com/Eintracht/status/1165957079011659781

- Оглас -

Најнови вести