19.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Ајнтрахт го врати Трап од ПСЖ

Ајнтрахт Франкфурт го откупи договорот на Кевин Трап од ПСЖ за сума од 7,5 милиони евра. Германскиот голман повторно ќе брани во Бундеслигата за тимот кој настапуваше минатата сезона како позајмен играч, потпишувајќи петгодишен договор.

Светците го доведоа Трап во 2015 година за сума од девет милиони евра токму од Ајнтрахт, а откако Ареола му го презеде во стартниот состав, Германецот одлучи да се врати меѓу Орлите со кои веќе запиша 141 настап во сите натпреварувања.

„Франкфурт ми е добро познато место и тука се чувствувам како дома. Минав неколку добри сезони во Париз, стекнав доволно искуство и ова беше вистинско време да се вратам во Ајнтрахт. Сакам да го повториме успехот од минатата сезона, а ќе се обидеме да ги надминеме зацртаните цели“, истакна дваесет и деветгодишниот чувар на мрежата.

https://twitter.com/Eintracht/status/1159093637516410885

- Оглас -

Најнови вести