Трибините на стадионот „Ајброкс“ во Глазгов вечерва двапати се тресеа кога навивачите ги прославуваа головите на Ренџерс во првото полувреме на дуелот со Лајпциг, па со овие 2-0 во моментов, на 45 минути до крајот, шкотскиот тим е финалист во Лигата на Европа.
Првиот гол го даде десниот бек Џејмс Таверние, кој во моментов е прв стрелец во Лигата на Европа со 7 погодоци. На 2-0 зголеми Камара. Првиот меч го доби германскиот тим со 1-0, па за да избегнат елиминација, Црвените бикови мора да дадат гол.
За разлика од Лајпциг, другиот германски полуфиналист, Ајнтрахт Франкфурт, е многу блиску до финалето во Севилја. Ајнтрахт со гол на Колумбиецот Боре, води со 1-0 против Вест хем и има играч повеќе на теренот (во 19-тата минута исклучен е Кресвел), а победи со 2-1 на првиот меч во Лондон.