Ајнтрахт истакна цена – Бујрум Јовиќ за 80 милиони евра

Ајнтрахт Франкфурт ја истакна цената за трансфер на Лука Јовиќ и таа изнесува 80 милиони евра. Реал Мадрид е прв во редот фаворити за ангажман на блескавиот талент од Србија, а според „Марка“ Зинедин Зидан е блиску до позитивен одговор, што би значело преселба на 21-годишниот напаѓач на „Сантијаго Бернабеу“ веќе ова лето.

Ајнтрахт нема ништо против Јовиќ да остане во клубот, бидејќи проценуваат дека цената уште ќе му расте. Лука игра брилијантно сезонава, немилосрдно ги тресе мрежите на сите фронтови, па и не чуди интересот на гигантите.

Досега во Бундеслигата постигна 15 голови и е на делба на третото место на листата со најдобри стрелци во една од најсилните лиги во Европа. Постигнуваше голови и во Европа Лигата и за репрезентацијата на Србија, секако и во германскиот куп.

Тоа е одлична препорака во трката за негов ангажман да се вклучат Реал Мадрид, Барселона, Баерн…

 

- Оглас -

Најнови вести