Ајнтрахт победува и без Јовиќ

Ајнтрахт Франкфурт победи со 1-0 во дуелот со Хофенхајм од првото коло на германската Бундеслига, а победничкиот гол беше постигнат уште во првата минута од средбата.

Стрелец на решавачкиот погодок беше новиот играч на Ајнтрахт, левиот бек Мартин Хинтерегер, кој летово дојде од Аугзбург. Австриецот имаше деби за паметење, и веќе во првата минута даде убав гол, кога топката ја закачи со волеј, по центрашутот на Филип Костиќ. Хофенхајм е омилената жртва на Србинот Костиќ, а тој денеска не даде петти гол во дуелите со нив, но запиша асистенција.

Хофенхајм даде два гола, но двата беа поништени бидејќи беа од офсајд позиции. Ајнтрахт летово осрана без првиот стрелец Лука Јовиќ, но стана шестиот тим кој освои три бода во првото коло во Германија, а последниот меч од првата рунда почнува во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести