Ајнтрахт продал 50.000 билети за јавно гледање на финалето на Лига Европа

Атмосферата во Франкфурт пред финалето во фудбалската Лига Европа е еуфорична, фановите на Ајнтрахт одвај ја чекаат битката за европски трофеј, а со оглед на тоа дека се фаворити против Глазгов Ренџерс, Германците уште повеќе се „напалени“.

Се најавува масовно присуство во Севилја за финалето на 18-ти мај, а за тие што ќе останат во Франкфурт, организирано гледање на голем екран на стадион, настан за кој се наплаќаат и билети.

Продадени се 50.000 билети по цена од 10 евра, јасно е дека трибините на „Дојче Банк парк“ арената ќе бидат преполни и дека атмосферата ќе биде како мечот да се игра таму, иако овие фанови средбата ќе ја гледаат на телевизија.

- Оглас -

Најнови вести