Ајнтрахт редовно и дава и прима гол

6045 Башакшехир – Гент (18.00 часот)

Пред шест дена во Белгија, овие екипи одиграа 1-1, па сега тимот од Истанбул, кој е домаќин, е со мала предност во реваншот од осминафиналето во Конференциската лига. Гент викендов во белгиската лига му даде 6 гола на Варегем, а Башакшехир загуби од Бешикташ со 0-2. Последната победа на Башакехир беше уште на 29 јануари.

Предлог тип: НГ (1.78)

 

1001 Брајтон – Кристал палас (20.30 часот)

Брајтон е тим со најмалку одиграни мечеви во Премиер лигата, па мора да игра вака вонредно за да ги стигне другите. Ако го победат Палас, Брајтон ќе се изедначи по бројот на бодови со Ливерпул. Палас има два пораза по ред, не победил ниту еднаш во 2023 година, а во последно време многу често игра мечеви со 0-2 гола. Брајтон е двојно поефикасен тим, но во 2018 година последен пат дома славел над Палас. Од последните пет меѓусебни дуели, дури четири завршуваа со резултатот 1-1.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.69)

 

1002 Саутхемптон – Брентфорд (20.30 часот)

Светците се последни на табелата и немаат многу избор, мора да се обидат да ги победат Пчелите кои се во безбедна зона. За Брентфорд во минатото коло против еден друг тим кој се бори за опстанок, Евертон, заврши долгата серија без пораз. Во последните три кола, Брентфорд има и победа и пораз и реми, а тоа важи и за Саутхемптон. Саутхемптон дома уште од октомври не играл нерешено. Последните три меѓусебни дуели не им беа неизвесни, секогаш едните или другите победуваа со три гола разлика.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)

 

6002 Наполи – Ајнтрахт (21.00 часот)

Наполи победи со 2-0 во Франкфурт и не би требало да има проблем околу пласманот во четвртфиналето на ЛШ. Елмас и другарите ќе ги пречекаат гостите пред преполн стадион, а и според тоа како играат, Наполитанците се фаворити. На последните седум меча, Наполи секогаш или не примаше или не даваше гол, често играат 0-2 гола, додека Ајнтрахт има низа од три меча без победа, но и три меча на кои и дава и прима гол.

Предлог тип: ГГ (1.80)

 

6003 Реал Мадрид – Ливерпул (21.00 часот)

Реал по победата од 5-2 на Енфилд, со една нога е во следната рунда од ЛШ, но Ливерпул со седумката во мрежата на Манчестер покажа дека има опасен потенцијал. Кралевите и лани беа во ваква слична ситуација против Челзи, кога во Мадрид одвај се спасуваа, иако во Лондон славеа убедливо, па можеби тоа ќе им биде пример да не се олабават. Ливерпул е многу непредвидлив тим, останува да се види дали поразот од Борнмут викендов оставил последици. Ливерпул во 2009 година последен пат славел против Реал.

Предлог тип: 1=2 (3.40)

- Оглас -

Најнови вести