Барселона е единствена екипа против која не е досуден ниту еден пенал сезонава во шпанската лига, а Каталонците имаат среќа со пеналите и во Лигата на Европа.
Вечерва во Франкфурт, по еден старт на Бускетс над Боре, судијата Срѓан Јовановиќ од Србија досуди пенал за бундеслигашот. Но, по интервенција од ВАР-собата, а и судијата сам гледаше снимка, Јовановиќ ја промени одлуката и Ајнтрахт не доби шанса од 11 метри да поведе со 1-0.