Ајнтрахт со специјален дрес во борбата против расизмот и дискриминацијата

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт утре на свој терен ќе игра против Волфсбург, а во прв план ќе бидат дресовите кои ќе ги носат домашните фудбалери. На дресовите на играчите на Ајнтрахт ќе се наоѓаат знамињата дури на 14 држави.

Зошто баш на 14 држави и кои се тие? Тоа се знамињата на земјите кои имаат свои претставници во првиот тим на Ајнтрахт, а покрај знамињата, ќе стои и паролата „Место за различност“. Овие дресови се специјално изработени по повод акцијата против расизмот и дискриминацијата.

Меѓу знамињата ќе го нема македонското бидејќи Ајнтрахт во своите редови нема македонски фудбалер уште од времето кога Александар Васоски во 2011 година си замина од тимот од Франкфурт. Актуелниот тренер на Вардар ги бранеше боите на овој германски тим во периодот од 2005 до 2011 година.

 

- Оглас -

Најнови вести