Ајнтрахт го совлада Бетис во Севилја со 2-1 и се најде на чекор од пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа.
Сите три гола паднаа во првото полувреме, а германскиот тим можеше да победи и поубедливо, но при водство од 2-1, шутот на Боре од пенал го одбрани Клаудио Браво. Освен овој нереализиран пенал, средбата ја одбележа и убавиот гол на Костиќ. За Бетис утеха е што со новото правило за гол во гости, не мора на реваншот во Франкфурт да брка победа од два гола разлика и со 1-0 би се избориле за продолженија.
Мбемба во 95-тата минута даде многу важен гол за Порто за 1-1, но ВАР му го поништи голот, па Лион како победник си замина од Португалија. Лион со гол на Бразилецот Лукас Пакета славеше со 1-0 и направи значаен чекор кон четвртфиналето, пред реваншот дома.
Стрелецот за Лион, Пакета, имаше страшен судир со главата со Пепе. Пакета продолжи да игра со завој на главата, а Пепе беше повлечен од игра на полувреме.