19.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Ајнтрајт Франкфурт со потег кој буди емоции: На семафорот меѓу резервите на Ливерпул се појави името и на Диого Жота

На синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Ајнтрахт и Ливерпул, домаќинот од Франкфурт направи трогателен гест за да му оддаде почит на трагично починатиот Диого Жота.

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Жота, загина во сообраќајна несреќа во Шпанија на почетокот на јули оваа година. Многу клубови на најразличен начин покажаа почит за делото и кариерата која Жота ја остави зад себе, а сега со посебен гест се приклучи и Ајнтрахт, клуб кој погрижи Жота уште да не биде заборавен.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, регистрираше 10 резерви за натпреварот, а кога составот се појави на големиот екран на стадионот во Франкфурт, на клупата на „Црвените“ беа прикажани 11 имиња.

Имињата на десетте играчи беа напишани со бела боја, а името на Жота и бројот 20 беа напишани на списокот со тиркизни букви.

Исто така, официјалниот водител на стадионот му оддаде почит на Жота кога ги читаше имињата на играчите. Откако ги прочита имињата на десетте играчи на клупата, додаде: „Засекогаш број 20 – Диого Жота“.

Ајнтрахт на крајот убедливо загуби со 1:5 од Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести