Ајверсон: Дончиќ игра како црнец (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Ален Ајверсон, смета дека Лука Дончиќ му е најблизок по стилот на игра од актуелните кошаркари во НБА-лигата. Во поткастот кој го води Шекил О’Нил, Ајверсон беше запрашан кој играч од актуелните го потсетува на него и тој го избра токму Дончиќ.

„Сите зборуваат дека тоа е Џа Морант. Но, морам да зборувам за Дончиќ. Што е со него? Без да го спомнувам неговиот натпревар на којшто даде 73 поени, сметам дека неговиот стил на игра е микс од професионална со улична кошарка. Не би сакал да бидам погрешно сфатен“, рече Ајверсон.

О’Нил му проговори на Ајверсон дека Дончиќ е премногу спор и го праша дали мисли дека игра како белец.

„Не, тој игра како црнец. Го има тој стил и шарм. Тој е многу кул со спорите движења и шутира одлично“, одговори Ајверсон.

Еден од најдобрите поентери на сите времиња во НБА-лигата играше од 1996 година, па до 2010 и тоа за екипите на Филаделфија сиксерс, Денвер нагетс, Детроит пистонс и Мемфис гризлис.

- Оглас -

Најнови вести