Бојан Најденов е ново засилување на Академија Пандев, клуб што има сериозни амбиции да игра во европските купови. Денеска е промовиран новиот член на клубот, кој има четири настапи за македонската репрезентација и солидно интернационално искуство.
Поранешниот член на Хоризонт Турново и Работнички на интернационалната сцена играше за египетска Смуха и за Естегал во Иран, а во Академија Пандев доаѓа од редовите на албанскиот клуб Лачи. Познат е по силниот удар, а ќе биде одлично засилување за струмичани за продолжението на сезоната.
Академија Пандев е на третото место по 18 натпревари во ПМФЛ со 27 бода, зад лидерот Вардар со 36 и Шкендија со 28.