Академија Пандев со лекција за Шкендија, Шкупи дома освои само бод

Академија Пандев стигна до второто место на табелата во фудбалското прволигашко друштво откако во дуел со директниот ривал Шкендија, победи со 4:2 на меч од 31-вото коло во Струмица.

Со освојување на овие три бода, Академија Пандев стигна до 61 бод и сега има два повеќе од Шкендија, која има 59, додека Македонија Ѓорче Петров остана на четвртото место со 57 бодови. Во второто дерби во ова коло, тимот од Ѓорче Петров освои бод на гости кај Шкупи играјќи 1:1.

Само по две минути игра во Струмица, Бирохац најави дека Академија Пандев ќе ги освои трите бода против Шкендија, а потоа Илиев од пенал зголеми на 2:0 за на полувреме.

На почетокот на вториот дел погоди Кривак за Шкендија и намали на 1:2, но во 63-тата минута повторно Илев од пенал ја врати предноста од два гола, а со погодокот на Георгиев од Академија Пандев, домаќините си обезбедија мирна завршница. Тетовци до крајот на средбата успеаја само да намалат на 2:4.

На Чаир, новиот првак Шкупи освои само бод против Македонија Ѓорче Петров. Бразилскиот интернационалец Квевен постигна одличен гол со волеј удар од околу 17 метри и му донесе радост на домашниот тим, но гостите израмнија од пенал буквално во последните секунди од мечот.

Резултати од денешните мечеви: Академија Пандев – Шкендија 4:2, Скопје – Пелистер 4:2, Работнички – Борец 2:1, Струга – Брегалница 1:0, Тиквеш – Ренова 0:1, Шкупи – Македонија ЃП 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести