Академците на Пандев се рехабилитираа од катастрофата од Балкани, денеска го победија Черно Море

Академија Пандев го победи бугарскиот тим Черно Море со 2:1, денеска во подготвителен меч за стартот на новата сезона.

Струмичани погодија двапати во првото полувреме и успеаја да се рехабилитираат за катастрофалниот пораз од 1:6 од косовскиот Балкани на претходниот тест-меч на лесните подготовки.

Денеска со гол во 29-тата минута, Никола Шаркоски му донесе предност од 1:0 на македонскиот тим, а во финишот на првиот дел погоди и Кристијан Велиновски за убедлива предност од 2:0, а Бугарите дадоа почесен гол во финишот на мечот.

Академија Пандев се подготвува за двомечот со полската Лехија Гдањск на 7 и на 14 јули во квалификациите за настап во Конференциската лига на УЕФА.

Дотогаш ќе играат уште два тест-натпревари, против Левски Софија на 25 јуни и со ЦСКА 1948 исто така од Софија на 29 јуни.

- Оглас -

Најнови вести