Пенал-серијата ќе го одлучи победникот во последното четвртфинале во македонскиот куп, а Силекс и Шкендија, кои имаат по два пехари во витрините ќе одлучуваат со удари од белата точка, која екипа ќе патува во завршницата.
Во регуларниот дел во Кратово немаше голови, па сега на ред се мајсторите за пенали за одлука за последниот полуфиналист.
Вистонски мајстори за куп-мечеви станаа играчите на Академија Пандев. Последниот освојувач на круната во националниот Куп на Македонија го победи Шкупи со 2:1 со головите на Томовски и на Илиев.
Дарбо го постигна почесниот гол за Шкупи, недоволно трикратниот победник во купот да оди понатаму.
Во Струмица се играше уште еден нокаут меч во четвртфиналето, а Македонија Ѓорче Петров ја декласира Беласица со 4:1 и ќе се обиде по вторпат да го крене пехарот.
Во реприза од првенствениот меч од овој викенд, Струга Трим Лум повторно беше подобра од Ренова и денеска во меч од купот пак славеше со 1:0 и се пласира во самата завршница во квартетот екипи кои ќе се борат за пехарот.
Ланското издание не се доигра поради пандемијата со Ковид-19, а претходен шампион во националниот куп е Академија Пандев.