Манчестер сити беше една од најактивните екипи на трансфер-пазарот ова лето, но јасно е дека некој мора и да си замине од редовите на поранешниот англиски шампион. Долго се шпекулираше дека тројcа фудбалери ќе се преселат во Галатасарај, а еден од нив требаше да биде Мануел Аканџи.
Сепак, според последните информации од Островот, репрезентативецот на Швајцарија ќе си замине од Манчестер сити, но нема да ја напушти Премиер лигата. Освојувачот на ФА купот, Кристал палас, веќе испратил понуда за него и се очекува тој да биде замената на Марк Гехи, кој неодамна направи трансфер во Ливерпул.