Аканџи малку разочаран од „Енфилд“: Навивачите во Дортмунд се погласни

Фудбалерот на Манчестер сити, Мануел Аканџи, бил зачуден од тишината на „Енфилд“ додека се загревале пред мечот со Ливерпул, а потоа се уверил дека фановите на Црвените знаат да направат добра атмосфера.

„Пред мечот кога излеговме да се загрееме, беше многу тивко. Ни исвиркување, ни ништо. Очекував да биде полно со публика, многу гласно и да бидат против нас. Но не почувствував ништо. Го прашав Марез дали секогаш е вака. Тој ми кажа да почекам да почне мечот, и навистина кога почна, атмосферата беше тотално различна. Особено во второ полувреме беше навистина гласно. Не толку гласно како во Дортмунд каде и стадионот е поголем, но чувството е прекрасно. Луѓето се блиску до теренот, убава атмосфера, сакам да играм во такви услови“ – раскажа швајцарскиот дефанзивец.

- Оглас -

Најнови вести