Дефанзивецот на Манчестер сити, Мануел Аканџи, изјави дека Сити нема од што да се плаши од Реал Мадрид или Баерн Минхен кои им се двата можни ривали со кои ќе се паднат на утрешната ждрепка за плеј-оф рундата за влез во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Европските шампиони од 2023 година беа на работ на елиминација, но го победија Бриж и влегоа меѓу 24-те најдобри. Сепак, за да дојдат до осминафинале против Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен, ќе мора прво да го елиминираат актуелниот првак Реал од кој беа елиминирани минатата сезона или најтрофејниот германски клуб на чиј стадион се игра финалето.
Швајцарскиот дефанзивец Аканџи смета дека тимот излегува од кризата и се подобрува.
„Очигледно Реал и Баерн не се тимовите со кои сакате да се соочите, но кој и да е, ние се радуваме на предизвикот и мислам дека можеме да победиме кој било тим во Европа. Иако не играме добро како порано, мислам дека ниту еден тим не сака да се соочи со нас. Кој и да дојде, ние сме подготвени за предизвикот“, изјави Аканџи.