Аки е фраер: вака Динамо Загреб се прости од Адеми кој за 15 години стана нивна легенда

Македонскиот интернационалец Аријан Адеми си заминува од Динамо Загреб, официјално потврдија од клубот.

„Овој петок ГНК Динамо и Аријан Адеми потпишаа договор за раскинување на договорот, и со тоа капитенот на Сините после 15 години од пристигнувањето во Динамо ја заврши својата играчка епизода на Максимир. Адеми е најтрофејниот играч во клупската историја со освоени 24 трофеи, од кои 13 шампионски титули, седум Куп пехари и четири суперкупови. За Динамо одигра 430 официјални натпревари, со што го држи второто место на историската листа на клубот на играчи со најмногу настапи. Аријан има и 110 настапи во европските натпревари, што го прави апсолутен рекордер на Сините. Драг Аки, ти благодариме за се и со среќа во новиот фудбалски предизвик. Вратата на твоето Динамо секогаш е отворена за тебе“, објавија од Динамо.

Потоа имаше уште една кратка објава со наслов: Фраер е Аки.

Но, фанови на Динамо коментираат дека ова не е соодветно простување со човекот кој „ги остави коските“ во клубот и заслужи да му се организира проштален меч.

Како што стојат работите, Адеми кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот клуб Ујпешт.

- Оглас -

Најнови вести