Ако Баерн го освои германскиот Суперкуп в среда, Флик ќе оствари нешто невидено

Кога седна на клупата на Баерн Минхен, на местото на Нико Ковач како привремено решение, веројатно ни самиот Ханси Флик не веруваше дека ќе има 35 победи на првите 38 меча како тренер на баварците и дека ќе ги освои сите трофеи кои му беа на располагање.

Баерн со Флик ги освои германското првенство и купот, како и Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА. Но, екипата на Флик веќе в среда ќе се бори за петтиот трофеј годинава, и ако успее, тоа ќе биде нешто што не се видело досега.

Доколку Баерн ја совлада Борусија Дортмунд на германскиот суперкуп на 30-ти септември, тогаш Флик ќе има пет трофеи на само 40 меча како тренер. Досега не се случило некој тренер да освои толку титули во просек на секои 8 меча.

Сега Флик има четири титули на 38 меча што е освоен трофој на секои 9,5 меча, а просекот ќе падне и ќе стане неверојатен ако го освои и Суперкупот на Германија. На почетокот на февруари 2021 година, Флик ќе може да го освои и шестиот трофеј со Баерн, ако го освои Светското клупско првенство на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести