Ако Баерн ја освои ЛШ, се знае кој ќе биде фудбалер на годината

Со 50 постигнати голови на 43 меча сезонава во сите натпреварувања, Полјакот Роберт Левандовски се наметнува како кандидат за „Златната топка“ за 2020 година. Од тоа признание се чини дека го дели само европска титула на Баерн, а можеби доволно ќе биде и финале во Лигата на шампионите.

Левандовски има голема шанса да биде најдобар стрелец во Европа, води во трката за „Златна копачка“, а со Баерн веќе освои двојна круна во Германија. Му останува најтешкиот дел од работата, да ја освои ЛШ. Ако баварците го земат и тој трофеј, Левандовски ќе биде главен кандидат за наследник на Лионел Меси.

Годинава требаше да има Европско првенство и најдобриот поединец од тоа натпреварување ќе беше со големи шанси да биде играч на годината, но вака пресудни ќе бидат клупските натпреварувања. Полската машина за голови има сезона на кариерата, и ако освои „Златна копачка“ и првиот биде и најзаслужен за евентуална титула на Баерн во ЛШ, не би требало некој друг да го освои трофејот за играч на годината.

- Оглас -

Најнови вести