Фудбалерите на Штутгарт славеа со 2:3 на гостувањето кај Волфсбург во мечот кој се играше во рамки на 24-тото коло во Бундеслигата и опасно му се закануваат на Баерн Минхен.
По триумфот, Штутгарт има 50 бода, само четири помалку од второпласираниот Баерн Минхен кој во последните четири меча во Бундеслигата освои само четири бода (два порази, победа и реми).
Штутгарт поведе со голот на својот најдобар стрелец и играч, Гираси во 14-тата минута и на пауза замина со минамална предност.
На стартот од второто полувреме, Волфсбург израмни преку Јоаким Меле, по што повторно на сцена стапи Гираси. Напаѓачот во 54-тата минута го реализира ударот од белата точка, а Вагноман во 77-та погоди за 1:3.
До крајот на мечот, Волфсбург успеа само да го ублажи поразот со голот на Нмеча во 83-тата минута.