Ако Бока го земе Кавани, Ривер може да одговори со ангажирање на Суарес

Најтрофејниот аргентински фудбалски клуб Ривер плејт е заинтересиран за доведување во своите редови на уругвајскиот напаѓач Луис Суарес од Барселона. Според шпанските медиуми, ова може да биде остварливо само ако Барса го купи Лаутаро Мартинес, па да му дозволи на „човекојадецот“ да си замине.

Во Ривер имале и „План Б“, а тоа е дека ако не успеат со Суарес, кој им е прв на листата на желби, би се обиделе да го донесат Радамел Фалкао, Колумбиецот кој во минатото веќе го има носено дресот на Милионерите. Фалкао е член на Галатасарај, но ако добие добра понуда, би го засилил Ривер кому целта му е да биде подобар од градскиот ривал Бока јуниорс. Бока исто така е загреана да купи еден голгетер од светска класа, на листата на желби им е Единсон Кавани, репрезентативниот колега на Суарес.

Суарес има 33 години, а сезонава пред да се повреди, имаше 14 гола и 11 асистенции на 23 настапи за Каталонците. Според „Трансфермаркет“, неговата вредност е околу 28 милиони евра. Фалкао има 34 години, а на 20 меча за Галата имаше 10 гола и една асистенција. Неговата моментна вредност се проценува на 4,8 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести