Ако даваа Златна топка за глума во фудбалот, ова ќе беше главен фаворит (Видео)

Фудбалерот на унгарскиот Ференцвашот, Матеус Салдања се најде на столбот на срамот поради неговата неумесна глума за време на мечот против Диошѓор во домашниот шампионат.

Бразилецот во игра влезе во 71 минута и за кратко време се најде во фокусот и тоа не само во Унгарија, туку во светскиот фудбал. Салдања беше далеку од местото каде што се наоѓаше топката, се смееше и беше опуштен, се до моментот кога еден противнички играч буквално не го допре со рака.

Салдиња театрално падна на земја како да е нокаутиран, што секако наиде на негативни реакции. Инаку Бразилецот е еден од подобри фудбалери во тимот на Ференцварош кој сезонава во 17 меча постигна седум голови.

Ференцварош е во трка за титулата. Моментално, по 25 одиграни меча, славниот унгарски клуб заостанува четири бодови зад лидерот Пушкаш академија.

Matheus Saldanha Fallon d’Floor against Diósgyőr (Hungarian first league)
byu/pinteererik insoccer

- Оглас -

Најнови вести