Барселона ќе мора да ѝ плати 5 милиони евра на Борусија Дортмунд, доколку крилото Усман Дембеле одигра макар уште една секунда до крајот на сезонава во дресот на каталонскиот клуб. Откако се откри дека во договорот со Кутињо, постои клаузула дека Ливерпул треба да земе бонус при седум настапи на Бразилецот, сега на површина излегува дека такво нешто има и во договорот на Дембеле кој дојде од Борусија Дортмунд.
Барселона е во финансиска криза и не се баш расположени да плаќаат вакви бонуси на сите страни, затоа и се зборува дека Кутињо веќе нема да игра. Дали истата судбина го чека и Дембеле за инает на Борусија, останува да се види. Дембеле досега има 99 настапи за Барса, и во случај на 100-ти, клубот од Дортмунд ќе си добие пет милиони евра.