Барселона успеа да го задржи Лионел Меси, но новиот тренер Роналд Куман јасно изјави дека не планира да ги чува Луис Суарес и Артуро Видал. Двајцата се добри пријатели со Меси, но тешко дека Аргентинецот ќе влијае за промена на тренерската одлука.
За Суарес најголеми се шансите да заигра во Јувентус, затоа што Старата дама е во потрага на искусен голгетер кој треба да дојде на местото на Гонзало Игуаин. Ако се случи да потпише за италијанскиот првак и заиграч со Кристијано Роналдо во ист тим, Уругваецот ќе влезе во една ретка група на фудбалери.
Досега само 13 фудбалери може да се пофалат дека во кариерата играле во ист тим заедно со Меси и со Роналдо. Листата на ова елитно друштво ја сочинуваат: Мартин Касерес, Хенрик Ларсон, Езекиел Гарај, Пауло Дибала, Андре Гомез, Фернардо Гаго, Габриел Хајнце, нелсон Семедо, Карлос Тевес, Деко, Гонзало Игуаин, Анхел ди Марија и Жерар Пике.