Ако е 100 отсто здрав и подготвен, Надал повторно ќе го освои Ролан Гарос

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ денеска ќе го започнат својот поход на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз. Надал е рекордер со неверојатни 11 титули на овој престижен турнир, додека Ѓоковиќ го има приматот на број 1 тениски рекет на АТП листата. Токму затоа, овие двајца се главни фаворити за највисок пласман.

Некогашниот светски рекет број 1, Хуан Карлос Фереро, реши да даде свое мислење за турнирот. Фереро верува дека Надал повторно ќе доминира. „Ако Рафа е 100 отсто физички подготвен и здрав, тогаш тој повторно ќе го освои трофејот“, вели Фереро, кој додава дека како фаворит од сенка го става Доминик Тим.

„И Тим игра одлично. Тој е еден од моите фаворити. Минатата година играше во финалето и се стекна со потребното искуство за ваквите дуели. Може да се пофали и дека го има победено Рафа повеќе од еднаш на земјена подлога“, додава во својата анализа Фереро.

Надал за прв противник го има Хенфман од Германија, додека Ѓоковиќ игра против Полјакот Харкач. Дури 28 меча во машка конкуренција има денеска на Ролан Гарос и 30 среби во женска конкуренција. Сите средби ги има во понудата на Sport Life обложувалниците, каде може да се обложите за повoзбудливо следење на мечевите од овој гренд слем турнир.

 

 

- Оглас -

Најнови вести