Ако е ова групата, Македонија ќе има супер шанси за пласман на ЕП 2024!

По завршување на мечевите во Лигата на нациите, веќе стана јасно дека македонската фудбалска репрезентација ќе биде во четвртиот барабан за ждрепката која на 9 октомври ќе биде во Франкфурт, а ќе бидат распоредени квалификациските групи за пласман на Европското првенство 2024 година.

Во квалификациите има селекции кои нема да може да играат меѓу себе, па во иста група не смее да бидат Шпанија и Гибралтар, Белорусија и Украина, Азербејџан и Ерменија, а Косово никако нема шанси да биде во група со Србија или Босна и Херцеговина.

Поради други рестрикции, во иста група нема да може да има повеќе од две од овие селекции: Белорусија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Исланд, Летонија, Литванија и Норвешка.

Во една ваква ситуација, направена е калкулација и симулатор околу тоа кои се противниците што Македонија има најголеми шанси да ги добие во квалификациите за ЕП 2024 година.

Пресметките се дека Македонија ќе биде во група со пет селекции. Од првиот барабан, односно местото каде што се најсилните селекции во Европа, најголеми шанси да го добиеме за ривал е Португалија со 12,1 отсто.

Од вториот барабан претпоставките се дека Босна и Херцеговина ќе биде во група со Македонија (12,5 отсто), а од третиот барабан би било супер ако ни се падне најслабата Ерменија. Шансите за Ерменија да ни биде ривал се 11,5 отсто.

Македонија е во четвртиот барабан, а од петиот барабан за ривал би ја имале Малта.

Пласман на ЕП 2024 година ќе обезбедат двете најдобро пласирани од групата во квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести