Ако е точна временската прогноза, на фудбалерите ќе им биде многу тешко да дадат гол

Пороен дожд и силен ветер најавуваат меторолозите во Хрватска во тајмингот кога Хрватска во Риека треба да ја пречека Словачка, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година. Коцкестите очекуваат утревечер да слават пласман на завршницата на континенталниот собир, а за тоа да се случи, не смеат да загубат пред своите навивачи.

„Сите се надеваат дека ќе слушнат добра прогноза, но, за жал, морам да ги разочарам навивачите. Во сабота вечер, за време на одигрување на мечот во Риека се очекува интензивен дожд, кој ќе биде сè посилен во текот на вечерта. Ќе дува и ветер, кој во вечерните часови може да се претвори во бура“, велат од метеролошката служба за овој дел од Хрватска.

За Хрватска ова е последен меч од квалификациите. Коцкестите се лидери во групата со 14 бодови, пред Унгарија со 12 и Словачка со 10, но Словаците имаат и меч плус за играње против Азербејџан на свој терен.

 

- Оглас -

Најнови вести