Ако Фенербахче вечерва не победи, во Турција ќе се знае новиот првак

Уште четири кола остануваат до крајот на првенството во Турција, а сите дилеми околу новиот шампион може да бидат решени вечерва. Фенербахче на свој терен игра против Газијантеп и домаќинот е фаворит за освојување на трите бода.

Во последните два месеци Фенербахче игра одлично и има осум победи и едно реми во последните девет меча. Газијантеп е во долниот дел од табелата, но е сигурен дека нема да испадне. Есеноска, Газијантеп со 3:2 славеше над Фенер, што е дополнителен мотив за гигантот од Истанбул да се реваншира.

Фенербахче е втор на табелата со 65 бодови, дури 11 помалку од лидерот Трабзонспор. Затоа, доколку Фенер вечерва не победи, разликата меѓу првиот и вториот ќе остане двоцифрена, а ќе има само три кола до крајот, што значи дека Трабзон и официјално ќе биде новиот првак на Турција.

- Оглас -

Најнови вести