21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ако ги послушавте нашите вчерашни совети, сега имате добитен тикет со квота 19.2

Типстерските совети кои секој ден ви ги предлагаме на Спорт Манија, некои обложувачи често ги уплаќаат на своите тикети, па сигурни сме дека така било и вчера и тие кои ги послушаа советите и веруваа во предлозите, сега се добитни.

Ги погодивме сите пет меча од вчерашните Типстерски совети, со вкупна квота од 19.2. Сите квоти беа од 1.71 до 1.92.

За мечот Бешикташ – Башакшехир, предлогот беше ГГ, а во 41-вата минута од натпреварот, двата тима имаа дадено гол. Од Турција го имавме и предлог-типот 3+ голови на дуелот Газијантеп – Хатајспор. Таму третиот гол падна уште во 30-тата минута.

Само 29 минути беа потребни за двата тима да дадат по еден гол на средбата Нотингам Форест – Хадерсфилд.

И кецот на Тотенхем против Евертон беше чист, уште по првото полувреме во кое домашните водеа со 3-0, се најави триумфот.

За крај, остана да се чекаат барем три гола на дуелот на Атлетик Билбао и Леванте. По првото полувреме беше 0-0 и постоеше опасност предлог-тикетот да не биде добитен, но Баскијците успеаја трипати да го најдат патот до голот на Леванте, па во 88-мата минута од пенал погодија за 3-0, што значеше добитни типстерски совети.

Денеска очекувајте нова тура совети поткрепени со мини-анализи.

- Оглас -

Најнови вести