Екипата на Шкендија е на 90 минути од пласман од лигашката фаза на Лига Европа, а во случај да биде елиминирана од бугарски Лудогорец, ќе игра во Конференциската лига.
Во ЛЕ би имале гарантирани 8, а во Конференциска шест меча есенва. Како што стојат работите во моментов, доколку Шкендија игра во Конференциска, би била во петтиот, а не најслабиот шести шешир при ждрепката.
Послаб рејтинг од Шкендија имаат Хакен, Универзитатеа Крајова, Хамрун, Ноа, Ѓер и Шелбурн кои се кандидати за учество во Конференциската лига. Шкендија има ист број поени ако АЕК Ларнака, а во тој петти шешир би биле и Раков, Самсунспор, Сигма Оломуц и Бреидаблик.
Доколку игра во посилната Лига Европа, Шкендија сигурно ќе биде во последниот четвртиот шешир.