15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ако има добро време за прв пораз, Спортинг го одбра вистинскиот момент

Ако воопшто има добро време за прв пораз во сезоната, тогаш тајмингот на Спортинг за сефте неуспех е погоден и елиминацијата од Маритимо во националниот куп нема да биде премногу болна за Лавовите од Лисабон.

Пињо и Андраде со по еден погодок во второто полувреме му донесоа вредна победа на Маритимо и го елиминираа фаворитот од Лисабон во осминафиналето од португалскиот куп.

Со првиот пораз сезонава на Спортинг нема веќе непоразени во шесте најсилни фудбалски земји во Европа, а тимот од Лисабон останува единствениот тим во таа конкуренција што е без пораз во првенствен меч.

Во Спортинг се надеваат на подвиг и на освојување на домашната круна по пауза од цели 18 години, па поразот и елиминацијата во купот од Маритимо не им падна премногу тешко.

По одиграни 13 кола во португалскиот шампионат, избраниците на Рубен Аморим се први со 35 бода, освоени со 11 победи и две ремија, а зад нив се гигантите Порто и Бенфика со по 31 бод и Брага со 27 како четири најголеми конкуренти за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести