Ако има интерес, Реал ќе го продаде Азар

Реал Мадрид нема многу да размислува да го продаде Еден Азар ова лето, доколку се појави клуб со намера да го ангажира и да ја покрива неговата годишна плата од 23 милиони евра.

И покрај напорите на Белгиецот да ги надмине повредите за да ги оправда средствата кои Кралевите ги исплатија пред три години за него, може да не добие шанса за такво нешто.

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинес, во јунскиот циклус истакна дека Азар никогаш претходно не бил во подобра форма отколку сега, додека ексѕвездата на Челзи им вети на мадридистите дека ќе се оддолжи што три сезони не е во натпреварувачка форма.

Со оглед на тоа дека овој преоден рок е полн со изненадувања, нема да биде чудо ако Азар новата сезона ја почне во друга средина.

- Оглас -

Најнови вести