Ако има нов пенал за Канада, подобро да не го шутира Дејвис, клетвата веќе му е фрлена!

Навивачите на канадската фудбалска репрезентација, најдоа виновник за поразот од Белгија и утнатиот пенал на Алфонсо Дејвис.

„Виновник“ е раперот Дрејк, кој се фотографираше со неколку играчи откако се пласираа на СП, а меѓу играчите беше и Дејвис.

Познато е „Проклетството на Дрејк“, и малерот кој ги бие спортистите со кои се слика Дрејк. Канада после 36 години повторно е учесник на СП, па фановите бараа од Дрејк да стои подалеку од фудбалерите, но не ги послуша. Плус тоа, Канаѓаните на терен излегоа со песна на Дрејк.

- Оглас -

Најнови вести