Гостувањето на Ливерпул кај Брајтон нема некое резултатско значење за тимовите, но може да му помогне на Мохамед Салах во трката за Златната копачка во Европа.
Квотата во Sport Life за Салах да постигне гол е 2.05.
На Салах му треба еден гол за да се изедначи со Килијан Мбапе од Реал Мадрид, а два за да го надмине лидерот Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон. За Ѓокереш сезоната е завршена, па тој може само да чека и да се надева дека Салах на последните два меча и Мбапе на последниот нема да дадат гол.
Салах беше феноменален во првиот дел од сезоната, но во последно време поретко дава голови, има само еден погодок на последните седум настапи во Премиер лигата и прашање е колку е мотивиран да се бори за признанието прв стрелец во Европа. Главната цел му беше титулата со Ливерпул, а тоа го има обезбедено.