Минатата недела започнаа подготовките за новата сезона во НБА-лигата, а фокусот на јавноста повторно ќе биде и на двојниот освојувач на МВП признанието, Никола Јокиќ, кој секоја можност ја користи да гледа трки со коњи.
Јокиќ е голем вљубеник во коњите, тој во родниот Сомбор има ергела на коњи и кога е во Србија, редовно присуствува на трките со коњи. Тој вториот пехар за најкорисен играч во НБА-лигата го прими во неговата штала во Сомбор.
„На Никола едниот дел од срцето му е во Денвер, а другиот во Сомбор, каде што се неговите коњи. Коњите се негова пасија и целосно го поддржувам“, рече тренерот на Денвер нагетс, Мајк Мелоун.
Мелоун го поддржува својот најдобар кошаркар во неговата пасија и даде интересно ветување доколку Јокиќ и во престојната сезона биде прогласен за МВП.
„Коњите и трките го прават весел. Поради тоа, ако гледањето на трки со коњи му помогне да дојде до третиот МВП трофеј, тогаш и јас ќе почнам заедно со него да ги гледам трките“, порача Мелоун.
https://twitter.com/i/status/1576302395507998720